ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се што ветува пред граѓаните успешно реализира

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„ВМРО- ДПМНЕ цврсто чекори и докажува дека ги реализира проекти кои ги ветила и кои се за доброто на Охрид и охриѓани.

Денес сме особено горди што предизборните ветувања кои им ги дадовме на нашите граѓани успешно ги реализираме. Доволна потврда за тоа е денешното аминување на Предлог одлуката во градскиот Совет, која се однесува на изградба на административно – деловна трговска зграда која вклучува и изградба на затворен зелен пазар.

Ако претходните локални власти не можеа, Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се што ветува пред граѓаните успешно реализира.

Модерниот затворен зелен пазар, кој Власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе го гради во Охрид, ќе му даде нов лик на централното градско подрачје. Административно- трговската, деловна зграда ќе го смени досегашниот лош лик на овој простор во градов а ЈП „Градски пазар“ ќе биде сместено во современо уредени простории за работа. Зелениот затворен пазар ќе има лик како познатите светските центри за продажба на свежа храна, овошје и зеленчук, а ќе ги исполнува и европските хасап стандарди. Со тоа Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ клава крај на очајната состојба во пазарот на која долги години наназад немо гледаа претходните локални Власти и практично не преземаа ништо, градов да добие модерен зелен пазар.

Засрамени и понижени од манипулациите кои ги пласираа последнава година и не можејќи да издржат да присуствуваат на официјализирање на успешен проект, а следствено на тоа не можејќи да ги сослушаат аргументите, опозиционите советници од градскиот Совет меѓу кои најбројни се од СДСМ, денес срамно ја напуштија Седница на градскиот Совет со што покажаа и докажаа дека за нив не се својствени и тие никогаш нема да ги прифатат проектите кои се за подобар Охрид.

Денес Локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае да работи и да го реализира тоа што го ветила.

На задоволство на охриѓани Власта на ВМРО–ДПМНЕ од Охрид и во наредниов период ќе продолжи чесно, макотрпно и отчетно да го реализира сето она што во изборната програма им го вети на своите граѓани“. – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.