Разговараат хирург, архитект и политичар за тоа кој е најстар занает на светот.
Хирургот:
– Бог од реброто на Адам ја создаде Ева! Значи Бог бил првиот хирург, и тоа добар! Значи хирург ги создаде жените!
Архитектот:
– Чекај, чекај! Бог Ева ја создал ама тек дури шестиот ден! Сети се што било на самиот почеток! Било хаос, па настанал ред! Кој друг можел да го направи редот ако не архитект?
Политичарот:
– Добро, што мислите вие, кој го направи хаосот?