Вчера во 09.30 часот во ПО Велешта е пријавено дека во периодот од 22-ри февруари до први март годинава, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Петка“ во с.Долна Белица, струшко.
Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот низ отворената влезна врата влегол внатре и со подесен предмет ја откорнал вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одзел околу 1.000 денари.