Се известуваат граѓаните, жители на Урбана заедница 4 Воска Охрид дека Собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 4 Воска свикан од страна на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески се презакажува за 18-ти март ( Среда) со почеток во 19:00 часот.
Собирот ќе се одржи во просториите на зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница 4 Воска го зазема најголемиот дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. Бистрица, од Запад река Даљан, од Север булевар Туристичка – клучка и од Југ Охридско Езеро, реката Грашница.