Повик за учество во денови на младинско вмрежување за основање локални младински совети

Младински образовен форум при центарот за меѓукултурен дијалог, заедно со 12 иницијативни одбори за основање на локални младински совети ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во 12 општини. Овие настани ќе се случуваат во 12-те општини кои се дел од проектот Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини, поддржан од Европската унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина Чаир, Центар, Велес, Тетово, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино и Липково, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општини.

Настаните ќе иницираат процес на креирање младински совет, како највисоко претставничко тело на младите во нивните општини и нивна платформа за носење одлуки и граѓански активизам. Деновите на вмрежување се резултат на процесот започнат од група на млади и младински активисти кои во минатите месеци иницираа, организираа настани и кампањи за потребата од младинско организирање, дел од овој проект.

Главната цел на настанот е охрабрување и вмрежување на невладините младински организации на локално ниво за развој на инклузивна и претставничка структура/платформа на младински организации и младински структури.

Агендата на деновите за вмрежување ќе вклучува сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младинските совети. Настаните во 12 општини ќе се одржат на утврдени дати и локации.

Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан, а пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса: policy@mof.com.mk

Номинациите треба да пристигнат најдоцна до утре,  5-ти март.

Се охрабруваат сите заинтересирани да се пријават што е можно поскоро пред истекувањето на рокот. за да се олесни процесот на сортирање на апликации и избор на учесници.

Настанот во општина Струга ќе се одржи на 6-ти март (петок) со почеток во 12:00 часот, во канцеларијата на ЗРА АКВА.