Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, вчера присуствуваше на дебатата „Предизвиците на албанското образование“, која се одржа по повод 7-ми Март, Денот на учителот. Во своето обраќање, Адеми посебно се осврна на значајната улога која ја имаат наставниците во текот на едукацијата на учениците.
„Секое време носи свои предизвици. Со Академијата за наставници, ќе се направат огромни чекори кон подобрување на наставата во училиштата. Нашата цел е да го подобриме и статусот на наставниците“, додаде министерот.
Министерот Адеми, им го честиташе Денот на учителот на сите ученици и наставници.