Забрани за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран.

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.

Поради одрон на патниот правец Кичево – Битола кај с. Железнец сообраќај се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир. На патниoт правeц крак Маврово – Дебар, забранaта за движење на тешки товарни возила е сеуште во тек.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.