Едно 12 годишно момче од Каиро почина откако пред неколку дена било претепано од неговиот наставник. Според форензичарите, ученикот имал повреди на главата и крварење во мозокот.
Насилниот наставник е суспендиран, а во тек е итна истрага за утврдување на околностите за овој случај.
Во египетските школи вообичаено е физичкото казнување на учениците.