Србија: 24 жртви на грип, прогласена епидемија во неколку региони

Педесет и осум годишна жена од Нови пазар е 24-тата жртва на грип во Србија, пишуваат српските медиуми.

Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на грип во Шумадија, поради зголемениот број на заболени од грип.

„Минатата недела во Шумадија се евидентирани 780 заболени од грип“, изјави директорот на Институтот Предраг Делиќ и наведе дека од октомври до денеска вкупно 8.780 граѓани имале проблеми со респираторните органи.

Поради зголемениот број на заболени епидемија на грип е прогласена во три центри за јавно здравје, во Пожаревац, Ќуприја и Крагујевац. Засега нема услови за прогласување на епидемија на ниво на целата држава, но се очекуваат и понатамошни пријави на епидемии и во другите делови од државата.

Извор: Нет Прес