Утре отворен ден во охридскиот Црвен крст

Во пресрет на 17-ти март, големиот јубилеј, 70 години од основањето на Црвениот крст на РепубликаМакедонија, Црвен крст Охрид организира отворен ден.

Отворениотден ќе се одржи, утре (недела), со почеток во 11:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид за сите пријатели, хуманисти, волонтери, подржувачи на идејата на движењето на Црвениот крст.

Присутните, преку фотографии, видео материјал и разговор со волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со организираното хуманитарно движење во Македонија од самите почетоци до денес, а за најмладите ќе биде прикажан анимиран филм за идејата на Црвениот крст. 

Активности ќе продолжат со хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ракометните ветеранки на Охридскиот ракомет од некогашниот РК Отекс и младите ракометарки од РК Мобидик Охрид, кој со почеток во 12:00 часот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“.

Од Црвениот крст Охрид ги покануваат нашите сограѓани да бидат дел од овие активности и убавиот, сончев неделен ден да го исполнат со хуманост.