Регионална работилница за заштита на правата од интелектуална сопственост

Во организација на Светската Царинска Организација а под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), во периодот од 11.03.2015 до 13.03.2015 година во Скопје се одржа регионална работилница за идентификација и спречување на увозот, извозот и транзитот на фалсификувани и пиратски стоки.

Царински службеници од Македонија како земја – домаќин и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора и Србија имаа можност да ги споделат искуствата и подобрат знаењата за спроведувањето на заштитата на правата од интелектуалната сопственост.

Целта на работилницата е натамошно зајакнување на оперативните капацитети, подигање на свеста, ефективна селекција на пратките, базирана на анализа и проценка на ризик и разработка на техники на откривање на стока со заштитено право на интелектуална сопственост.

Во соработка со одделни носители на права од интелектуална сопственост се работеше на препознавање и разликување на оригинални и фалсификувани производи. На работилницата присуствуваше и претставник на Европол, при што беа разменети искуства и предлози за понатамошна соработка.

DSC07451