СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола

Денес СДСМ до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, изјави пратеникот и претседател на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

„Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Очекуваме Обвинителството да постапи согласно законите.

Немаме доверба во судството поради контролата на власта над правосудните органи но ние го почитуваме законот и Уставот и сакаме да оставиме трага од сите овие процеси.“ – изјави Ковачевски.