Основците од „Григор Прличев“ дел од Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015

Денес со почеток во 11:30 часот во ОУ „Григор Прличев“, Охрид започна Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015.

На натпреварот учествуваа вкупно 213 ученици од ова училиште од I до IX одделение. Натпреварот офаќа решавање на тест кој трае 1 час и 15 минути.

„Кај нашите ученици традиционално има многу голем интерес за натпреварот, а на денешниот натпревар заинтересираноста беше најголема кај најмладите, учениците од одделенска настава.“–  велат од ОУ „Григор Прличев“.

WebOhrid