По втор пат Велигденски саем во Охрид

Јавното Претпријатие „Градски Пазар“ на 9-ти и 10-ти април (Велики Четврток и Велики Петок) по втор пат ќе организира Велигденски саем. Саемот ќе се организира во халата за текстил.

Сите заинтересирани произведители и продавачи кои сакаат да ги изложат своите производи да се пријават во Дирекцијата на ЈП Градски Пазар до први април (среда).

Воедно од ЈП „Градски Пазар“ ги покануваат и сите Граѓани да го посетат саемот на кој ќе може да се најдат најразлични производи рачно изработени, традиционални јадења, сувенири итн.