Се чистат паркинзите на патот Охрид-Ресен

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен.

Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат животната средина.

„Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.“– велат од претпријатието.

DSCN0347_Fotor_Collage