Иницијатива за формирање на Локален совет на млади Дебрца

По принципот на многу општини во Република Македонија и општина Дебрца излезе со иницијатива за формирање на Локален совет на млади.

„По тој повод, во сабота, 4-ти април со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ве покануваме заедно да ја славиме сплотеноста, да ја славиме младоста.“ – велат од Локалниот совет на млади при општина Дебрца.

Вечерта ќе ја збогатат младата охриѓанка Натали Илијоска, играорната група Дебрца од општина Дебрца, а воедно ќе имаме прилика репризно да ја проследиме претставата „Сомнително лице“, во изведба на учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.

Влезот е слободен.