Центарот за едукација на ФФМ, објавува почеток на упис на тренери кои се заинтересирани за добивање на УЕФА тренерски дипломи и тоа за следниве нивоа:
Упис за добивање на УЕФА Б Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:
– Диплома за завршено образование најмалку ССС
– Потврда за фудбалски стаж како сениорски играч, најмалку 4 години
– Важечко лекарско уверение
– Копија од лична карта или државјанство
– Уплатница за прва рата (100 евра во денарска противвредност)
Упис за добивање на УЕФА А Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:
– Копија од важечка УЕФА Б Диплома
– Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа.
– Важечко лекарско уверение
– Уплатница за прва рата (200 евра во денарска противвредност)
По комплетирање на групите, Центарот за Едукација ќе ги потврди точните термини за одржување на курсевите кои се планираат за втора половина на месец Мај и месец Јуни 2015
Дополнителни информации можете да добиете на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk и 02/3231537