Започна редовното миење на улиците во градот и приградските населби

Од вчера се врши миење на улиците во градот и приградските населби со возило „Цистерна”.

„Во наредниот период екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе продолжат со миење на улиците со динамика која ќе зависи од временските услови.“– велат од претпријатието.

Екипите на РЕ  „Јавна Хигиена” надвор од редовните обврски извршија метење и миење на улици во населба „Св. Стефан” и метење во с.Подмоље.

„Се поставија и 2 корпи за ситен отпад кај автобуската постојка кај зградата „Печијаре”.“- додаваат од претпријатието.

Оттаму упатуваат апел до жителите кои живеат во околината да не ги користат овие канти за одложување на отпад од домаќинствата.

DSCN0406-cr DSCN0409-cr IMG_4151_650-300