Честитка од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки на Вас, и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово Велигден.

На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете Велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје.

Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија кадешто меѓусебното разбирање, взаемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот“.- стои во честитката.