Европскиот куп „Бихач Опен 2015“ и освоените 15 медали од исто толкав број на Македонски натпреварувачи беше повод за прием на претставници на Кик бокс Федерацијата во Агенцијата за млади и спорт.
Успехот на нашите претставници е остварен во конкуренција на 473 натпреварувачи од шест држави. Македонија ја претставуваа млади, но искусни и перспективни кик-боксери кои нанижаа медали и докажаа дека ги следат стапките на своите постари колеги кои исто така беа дел од победничкиот тим.
Златните медали на Варадинова, Јанков, Илиоски и Николовски беа надополнети со пет сребрени и шест бронзени одличја.
Директорот Спасески им честита за постигнатите резултати на младите кик боксери, а истовремено се информира за следните чекори и претстојните настапи на Македонските натпреварувачи на големите континентални средби.