Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во сите 30 подрачни служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонијав воведува нова пракса на отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачнатаслужба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отоворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежмност на ФЗОМ. 

Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела (четврток, 09 април 2015 година) отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој четврток од 10:00 часот до 15:00 часот во просториите на сите 30 подрачни служби на Фондот. Овие отворени денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување. Во овој период, сите заинтересирани осигурени лица ќе може да ги претстават своите идеи, предлози, потешкотии со кои се соочуваат на стручните тимови на Фондот. Во секоја подрачна ќе има задолжено лице кое ќе дава повратни информации за начинот како да се надминат одредени потешкотии со кои осигурениците се соочуваат, а се во надлежност на Фонот. Оваа пракса се планира да се одржува до крајот на јуни.
Директорот Рамадани истакна дека целта на отворените денови е на сите осигуреници да им се овозможи директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на здравствените политики, придонесувајќи, на тој начин, за подобрувањето на состојбите во здравствениот систем. Исто така, сите осигуреници може да побараат информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 часот или по маил на info@fzo.org.mk.

DSC05562