Литургија и читање на 12 страсни Евангелија по повод Велики четврток

Утре, четврток (9-ти април), на Велики четврток ќе се одржи утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во црквата Св. Богородица-Перивлепта, со почеток во 7:00 часот.

Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Вечерта пак ќе има Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18:30 часот.