Пред – Велигденска забава на „Велики петок“ со младите од населбата „Црногорци“

Во петок, 10-ти април, на Велики петок, во дворот на Црквата „Св.Троица“, Охрид, со почеток во 14:00 часот ќе се одржи детска пред – Велигденска забава со младите од населбата „Црногорци“.

Волонтери и организатори на настанот се Маја Дукадиновска и Даниел Скоклески.

„Ве покануваме да се придружите на нашиот настан и заеднички да го одбележиме Велики Петок и велигденските празници со нашите ученици кои се дел од проектот „Бесплатни часови по Aнглиски јазик. Овој проект се одвива веќе две години во соработка со Црквата „Св.Троица“. Часовите ги држат волонтери од клубот „Сороптимист“.- велат од Клубот на жени „Сороптимист“ од Струга.

Целта на проектот е што повеќе деца од населбата „Црногорци“ да имаат можност бесплатно и квалитетно да го усовршат Англискиот јазик преку игри, песни, приказни, на интересен и забавен начин.

„Дојдете заедно да ги одбележиме овие празнични денови и да видите што подготвија нашите ученици за овој ден.“- додаваат оттаму.

WebOhrid