Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Велигденски хепенинг по повод престојните празници.

„Во организација на Советот на родители при ОУ „Христо Узунов“ и училиштето „Христо Узунов“ беа напревни прекрасни ракотворби од родителите, наставниците и највредните уцениците. Целта беше да се доближи чествувањето на големиут Христијански празник Велигден кај најмладата популација, но исто така беа собрани и парични средства од продажната акција кои ќе се употребат за купување на Нагледни средства во училиштето. Хепенингот беше посетен од голем број на родители и членови на семејствата на учениците.“ вели директорот на училиштето, Тони Симоновски.