Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”

Во рамки на престојот во Република Турција, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го посети универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”, во Невшехир, Кападокија, каде на свечена церемонија му беше доделена титулата „Почесен доктор”, и притоа оддржа предавање пред присутните.

Претседателот Иванов, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на церемонија по повод отворањето на новоименуваната улица „Скопје” во градот Невшехир. Во Кападокија, македонскиот претседател оствари средба и со иселениците од Република Македонија. Воедно, во рамки на посетата, претседателот Иванов присуствуваше на меѓународниот поетски фестивал „Кападокија”, кој е организиран во соработка со фестивалот „Струшки вечери на поезијата”.

Со овие активности, претседателот Иванов го заокружи работниот дел од посетата на Република Турција, каде што учествуваше на 18. Евроазиски економски форум што секоја година од 1998. го организира Мармара фондацијата.

nevshehir01