ЈП „Градски Пазар“ Охрид со позитивни финансиски резултати од работењето

Директорот на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, Тони Коталески денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното за изминатите две години. Директорот посочи дека изминатите две години ги завршиле со позитивни финансиски резултати  и тоа вкупно од 745,866,00 денари или за 2014 година 351.901,00 , и за 2013 година 393.965,00 денари. Платите и паушалите редовно се исплаќаат без доцнење, исплатени се сите обврски.

„Финанасиската состојба во Јавното претпиријатие во периодот на преземање на претпријатието истото по основ на обврски должеше 1.107.885,00 денари од кои обврски према добавувачи 556.958,00 денари, четири неплатени паушали кон УО и НО, во висина од 264.468,00 денари кои ние со преземањето на ЈП ги исплативме во целост, потоа обврска за ДДВ 261.517,00 денари. Голем дел од обврските беа за интелектуални услуги или други видови на услуги од надворешни лица, кои ние во овие две години ги сведовме на минимум, а за кои услуги се ангажирани, редовно вработените во препријатието. Како менаџерски тим максимално се грижиме за НАМАЛУВАЊЕ НА РАСХОДИТЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО, со домаќинско работење и штедење, расходите ги намаливме за околу 400.000 денари, најголеми намалувања има кај репрезентација за околу 170.000 денари, користење на услуги од надворешни лица, итн.“- истакна Коталески и додаде:

„Ќе почнам со најзначајниот и најкапитален проект, а тоа е секако изградбата на НОВ ЗАТВОРЕН СОВРЕМЕН ЗЕЛЕН ПАЗАР,ОДНОСНО АДМИНИСТРАТИВНО ДЕЛОВНО ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ, кој го вети Градоначалникот Никола Бакрачески како еден од приоритетните проекти, и еве веќе имаме избрано Приватен партнер односно изведувач (АД Илинден од Струга), кој беше избран на тендер за доделување на договор за Јавно Приватно Партнерство и очекуваме почеток на градбата за многу брзо, во тек е изработката на Основниот проект, за да конечно Охрид како туристички центар добие затворен современ зелен пазар. Во рамките на кој, ние како ЈП ќе добиеме Затворен современ зелен пазар од 1230 м2, целосно опремен со тезги, потоа 200 м2 деловни простории, исто така ќе добиеме и 10 паркинг места за потребите на ЈП. Приватниот партнер ќе ја реновира и фасадата на постојниот објект како и нова покривна конструкција на постојната зграда, а исто така ќе ја подели и халата за текстил на две нивоа. По барање на закупците на тезги и во интерес на граѓаните на Охрид, а во соработка со ЈП Билјанини извори, обезбедивме БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГНА БУЛ. ТУРИСТИЧКА пред самиот пазар. За новогодишните празници, со помош на Локалната самоуправа обезбедивме ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА НОВОГОДИШНИ УКРАСИ И ЧЕСТИТКИ, и исти такви за 8 МИ МАРТ, ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ. За време на празници, односно какви и да биле настани од јавен карактер, секогаш излегуваме во пресрет на граѓаните, здруженијата, црковните одбори итн. Со БЕСПЛАТНО ДАВАЊЕ НА ТЕЗГИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА НИВНИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ. Веќе две години по ред го организираме ВЕЛИГДЕНСКИОТ САЕМ, во духот на празникот Христово Воскресение Велигден, со што даваме придонес во презентирањето на занаетчиските производи, и а производите кои го обележуваат празникот, како и на тоа да Граѓаните се снабдат со се она што им е потребно за Велигденската трпеза. Секако тука ќе го наведам и ХУМАНИТАРНИОТ АСПЕКТ, односно тоа дека изминативе две години имаме доделено пакети за помош на Социјално загрозени семејства, на лица со посебни потреби, Потоа имаме донирано на Лица кои им биле потребни средства за операции, помош на настрадани во несреќи, Исто така се вклучивме во акцијата за помош на загрозените во поплавите во РМ, како и поплавите во Србија и БиХ.“– рече Коталески.

AvtoPazarOhrid16

Коталески спомна за ново отворениот АВТОПАЗАР, кој функционира во рамките на ЈП, како подружница.

„Задоволни сме од работењето, остваруваме приходи, и истиот не генерира расходи, а ги користиме постојните ресурси, човечки и материјални за негово работење. Потребно е подолго време за граѓаните да се навикнат на посета на Автопазарот, во чиј рамки работи и ПАЗАР ЗА ПРОДАЖБА НА ПОЛОВНИ АВТОДЕЛОВИ. Работиме на промоција на истиот.“– рече Коталески и потсети:

„Изминатата година исто така обезбедивме простор за ПАЗАР НА ГОЛЕМО, кој се наоѓа кај Новата автобуска станица во Охрид, и на кој се продаваа земјоделски производи како пиперка, зелка, грозје итн. И од која работа ние како ЈП сме задоволни, за оваа година планираме поголем обем на работа, секако со помош на надлежните инспекторати, кои ќе се погрижат да се отстранат дивите продавачи на небезбедни места по улиците на градот. Во овој период обезбедена е и ПРОСТОРИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА СИРЕЊЕ И ЈАЈЦА, закојапросторијаиздвоивмесредстваодбуџетотна ЈП, и гиобезбедивме потребните услови за ваков вид продажба. Изработивме ПРИСТАПНИ РАМПИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, како и обележавме паркинг места во рамките на нашиот паркинг за овие лица. Изработивме и WEB СТРАНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЈП, која е донација, односно не плативме ништо за нејзина изработка. Активно УЧЕСТВУВАМЕ ВО ГРУПАЦИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ, која е дел од Стопанската комора на РМ. На барање на закупците извршивме ЦЕЛОСНО ДООСВЕТЛУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ, со цел поголема видливост и заштита од кражби“. потенцира Коталески.

Коталески рече дека како претпријатие не застануваат тука, ќе продолжат и во иднина со активности, а се со цел подобрување на условите за работа и нудењето на услугите на граѓаните.

„Се надеваме на соработка од страна на сите институции инволвирани во оваа проблематика, како и поддршка од страна на граѓаните на Охрид и пошироко. Отворени сме за предлози и идеи, секако дека сите ќе бидат разгледани, а најдобрите и спроведени.“– додаде Коталески.

ЈП „Градски Пазар“ моментално работи на неколку проекти и тоа: Мини-пазари, за земјоделски производи, пред се во летниот период, цветен пазар и современи цвеќари, нова дејност Автоперална Миење и одржување на возила и промовирање на пазарот како традиционално туристичко место.

WebOhrid