Јолевски: Македонија е спремна за влез во НАТО

Министерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во американскиот Стејт департмент, г-дин Хојт Ји, кој е во работна посета на Република Македонија. Главна тема на разговорот беше евроатлантските интеграции на Република Македонија. Министерот Јолевски истакна дека членството во НАТО е приоритет и затоа Министерството за одбрана и АРМ продолжуваат со активностите за исполнување на оваа цел. Армијата на Република Македонија е целосно интероператибилна со армиите на земјите членки на НАТО, за што е потврда и учеството во НАТО мисијата во Авганистан.

На средбата г-динот Ји истакна дека Македонија ужива поддршка на САД за евроатлантските интеграции. Тој исто така изрази благодарност за учеството на македонските војници во мировната мисија во Авганистан “Одлучна поддршка” и ја поздрави соработката на Армијата на Република Македонија со Националната Гарда на Вермонт.

Билатерланата соработка во областа на одбраната од министерот Јолевски и заменик помошник државен секртеар Ји беше оцената како одлична. САД и Македонија се стартешки партнери, што особено се забележува во интензивната соработка во одбраната. Секоја година се одвиваат бројни активности во оваа област, а САД преку конктретни донации придонесува за зајакнување на Армијата на Република Македонија.

Министерот Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји разменија мислења и за реформските процеси и модернизација на Армијата на Република Македонија.