Одржан регионален натпревар по географија за основните училишта од Охрид и Дебрца

Денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, во организација на Географското друштво на Македонија, се одржа регионален натпревар по географија за основните училишта.

На натпреварот учествуваа сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца.

Ученици кои како првонаградени ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 8 и 9 мај се:

– Рената Павлеска- ОУ „Братство – Единство“ – Охрид, ментор Весна Сион

– Виктор Блажески – ОУ „Климент Охридски“ – Охрид, ментор Нине Симоновска

– Емилија Кацелиноска – ОУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, ментор Татјана Пуцоска

– Надица Наумоска – ОУ „Христо Узунов“ – Охрид. ментор Зоран Николоски

– Сара Паункоска – ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ментор Колина Милошеска

– Атанас Спасевски – ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, ментор Зоран Николоски и

– Емилија Наумоска – ОУ „Дебрца“ – с. Белчишта, ментор Билјана Силјаноска.