Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Стандард и Пурс ја потврди оценката за Македонија, односно го потврди нашиот кредитен рејтинг, што е добар сигнал растот на македонската економија, за добрата состојба на јавните финансии и добар сигнал за странските инвеститори, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Тоа секако е добар сигнал дека македонската економија има добар тренд на раст, дека бизнис климата е добра, дека јавните финансии се во добра состојба, и секако е добар сигнал кон инвеститорите бидејќи тие го имаат предвид рангирањето на земјите и рејтингот што го даваат реномираните меѓународни корпорации“, изјави Ставрески кој учествува на пролетните средби на Светска банка и ММФ во Вашингтон.

Во таа насока, додаде, ова е посебно добро што потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија се случува во време кога во Европа има ризици и кога европските земји особено нашиот сосед Грција се соочува со дилемата дали ќе успее да остане во еврозоната или ќе треба да ја напушти.

„Првпат на ова Собрание тука отворено се разговараше и за тоа дека постои и таква можност да Грција мора да ја напушти еврозоната. При што се разговараше и за позитивните и за негативните ефекти ако тоа се случи. И во тој контект се добро да се знае дека Македонија има многу постабилни услови, односно дека има пониско ниво на задолженост, дека има раст на економијата во однос на нашиот сосед и дека има карактеристики на економијата коишто и понатаму одаваат стабилност и значат дека македонската економија ќе остане во зоната на стабилни и на растечки економии“, потенцира Ставрески.