Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, по повод 23-ти Април – Меѓународниот ден на книгата и авторското право, ќе се одржи Портретот на Андреј Вознесенски.
Реч за поетот ќе има Тоде Илиевски. Одбрани стихови ќе читаат Лиљана Мартинова и Мариче Боздоганова.
Инаку Андреј Вознесенски е роден 1933 година, а починал во 2010 година.
Настанот ќе се одржи утре, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 12:00 часот.