Екипите на „Јавна хигиена“, согласно Програмата за работа за 2015 година, темелно ги расчистуваат јавните површини во УЗ1 „Стар Град“.
„Сите улици и пристапни патеки се метат, а зелената околна вегетација рачно се коси.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Денес се уредуваа улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Илинденска“ и месноста „Горни Сарај“, а во следните денови, како што велат од претпријатието ќе бидат опфатени сите улици од оваа урбана заедница.