Инфо ден за програмата Креативна Европа – потпрограма Култура

Претставување на критериумите за учество во овие значајни категории на програмата ,,Креативна Европа’’ …

Во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура на Р Франција и Францускиот институт во Скопје, Министерството за култура на 28 април 2015 година во Скопје во Порта Македонија организира Инфо ден за програмата Креативна Европа – потпрограма Култура ( Категории: Мрежи и Платформи). Гостин на настанот ќе биде, г-дин Паскал Брунет, Директор на Канцеларијата за европски културни врски (Relais Culture Europe) од Париз, која меѓудругото е одговорна за спроведување на програмата Креативна Европа –потпрограма Култура во Р Франција.

Настанот ќе го отворат Министерот за култура на РМ,  Елизабета Канческа Милевска и Изабел Марш Барбо, Директор на Францускиот институт во Скопје. Покрај презентацијата на програмата ,,Креативна Европа на ЕУ’’, присутните ќе имаат можност добијат информации за актуелното спроведување на програмата Креативна Европа на европско ниво и во РФранција. Канцеларијата за Европски врски од Париз, но воедно и француските организации од областа на културата со своето активно делување во европските мрежи и платформи претставуваат позитивен пример на европско ниво. Покрај тоа што ќе бидат претставени критериумите за учество во овие значајни категории на програмата ,,Креативна Европа’’, преку позитивните искуства ќе се претстави и бенефитот од активното учество и делување во европските мрежи и платформи. Преставници на организациите: „Скопje џез фестивал“, ,,Музичка младина на Македонија’’ и НУ ,,Струшки вечери на поезијата’’ ќе го презентираат своето искуство во проектите поддржани од програмата „Креативна Европа“.