ВМРО-ДПМНЕ: Или членовите од ВМРО- НП се слепи или гледаат со затворени очи

ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во врска со соопштението на ВМРО- НП. Во неа стои:

„Или членовите од ВМРО- НП се слепи или гледаат со затворени очи!

Масовноста на општонародниот собир на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов викенд во Охрид го виде целата македонска јавност, но не и ВМРО- НП.

Ваквите испади на Народна се очекувани ако се земе во предвид фактот дека тие не се способни да соберат ни десет а камо ли десетици илјадници луѓе како што тоа беше случај на собирот на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид.

Фотографиите, телевизиските снимки и новинарски прилози, доволно укажуваат на масовноста на настанот.

Општонародниот собир и обраќањето на Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и Претседател на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски во саботата во Охрид беше проследено од бројни охриѓани.

Нема кредибилитет да оценува масовност на настани политичка партија како што е ВМРО- НП која и за да остане на дното од политичката сцена мора да партиципира со одредени политички субјекти.

Неодамнешниот општонароден собир во Охрид се организираше за само еден ден без најави и никакви притисоци. Салата при СРЦ „Билјанини извори“ беше преполна исклучиво од охриѓани.

Уцените и притисоците врз вработени во јавната и државна администрација станаа свршено минато време во моментот кога овие именки и епитети станаа синоним за ВМРО-НП.“- стои во реакцијата на ОК ВМРО – ДПМНЕ  Охрид.