Се уредуваат зелените површини низ населените места во општина Дебрца

Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ деновиве ја спроведува акцијата за средување на патиштата и парковите покрај речните корита во селата Оровник, Волино и Требеништа.

Од претпријатието велат дека, во наредните денови ќе бидат опфатени и другите села кои се наоѓаат на територија на општина Дебрца.