Утре ќе се одбележи 71 годишнината од битката кај Српница

Општинската организација на Сојузот на Борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 71 годишнината од битката кај Српница, утре, 29-ти април , ќе го одбележи овој значаен датум со следната 

П Р О Г Р А М А

10:00ч. – Полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани

10:30ч. – Полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница.

За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе имаат Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца и Крсте Крстаноски – учесник во НОАВМ.

Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа Пролетната офанзива што траеше од 24-ти Април до 19-ти Јуни 1944 година.

Во рамките на ова офанзива при крајот на Април Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебрца за да ја поврати слободната територија Дебарца и го ослободи сопствениот народ од невидениот террор. Се до 8-ми Мај Бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани , Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње и други.

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29-ти април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.