Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(40) од Струга.

На 27-ми овој месец, пријавениот, на лицето Д.Д. (43 ) наркозависник од Струга му продал помала количина опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на пресекот на улиците „Маршал Тито“ и „Арсеније Јовков“ во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор. На местото на средбата, пријавениот Д.У. пристигнал со неговото патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со струшки регистарски таблици, по што следела брза купопродажба на хероинот. Веднаш потоа, Д.Д. е пресретнат од полициските инспектори кој притоа се обидел да го исфрли хероинот запакован во црна најлон фолија.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и други простории кај пријавениот Д.У. на приземјето во кујната во фиока пронајдена е мала дигитална вага за мерење на мали количини со траги од прашкаста материја. Дополнително, на првиот спрат во неговата спална соба над ормарот забележана е една мала паковка од црна најлон фолија со прашкаста материја идентична на паковката пронајдена претходно кај наркозависникот Д.Д. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи.

Инаку, пријавениот Д.У. е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.