Меѓународниот ден на танцот одбележан во „Јахја Кемал“

Меѓународниот ден на танцот, 29-ти април, денес беше одбележан и во Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга. Наставниците и учениците од „Јахја Кемал“, точно во 11:00 часот, со танц во дворот од Колеџот,  му се приклучија на светот во прославувањето на овој Ден.