Награди за најдобрите на натпреварите во „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, изминатиот период учествуваа на повеќе натпреварувања, со што се закитија со многубројни награди и признанија.

Тие се натпреваруваа во читање (март-април), био модел натпревар, фото натпревар по екологија, натпревар по македонски јазик, натпревар во хербариум, натпревар по албански јазик, натпревар во експерименти, натпревар во карикатури, турска олимпијада, натпревар по мајчин јазик (8-ми март), натпревар по читање (февруари), турнир во фудбалче, турнир во пинг-понг.

Директорот Исмаил Ердил на најдобите ученици им врачи подароци, медали и сертификати.

Од „Јахја Кемал“  упатуваат честитки до нивните ученици и им посакуваат многубројни понатамошни успеси!

WebOhrid