Хаику поезијата од Пере Ристески објавена во австралиско списание

Неколку хаику песни од охридскиот поет Пере Ристески се објавени во списанието FreeXpression, што излегува во Сиднеј, Австралија. Ова реномирано списание излегува два пати годишно, во печатена верзија. Основано е во 1993 година, од Синтија Роу, која исто така е и претседател на Хаику Асоцијацијата од Австралија.

Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија, антологии на повеќе светски јазици.