ЈП „Охридски Комуналец“ максимално ангажирани за првомајските празници

Заради големиот број на домашни и странски туристи кои во Охрид престојуваа за време на првомајските празници, ЈП „Охридски Комуналец“ вонредно ја ангажира својата оператива, а подигнувањето на отпад на фреквентните локации се зголеми како во летната туристичка сезона -3 пати на ден. Екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“,  акцент ставија на стариот дел од градот, реоните каде се сконцентрирани викенд-становите, како и викенд населбите и излетничките локалитети, информираат од претпријатието.

„Спремни ги дочекавме многубројните гости со акциите кои ги реализиравме пред „1-ви мај„. Со овие акции се расчисти крајбрежниот појас на плажите кои не се дадени под концесија . Но за жал, по празнувањето повторно исплива на површина ниската свест на поединци кои на плажите ги заборавија остатоците од догорената скара, пластичните шишиња, картонската амбалажа, најлон кеси и др.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец.

Денес четворица комунални работници беа ангажирани за расчистување на плажата во с.Трпејца , како и пристапните улички, од каде се подигнати 3 м3 разновиден комунален отпад, а заради специфичноста на теренот беше ангажиран и чамец за транспорт на собраниот отпад.

DSC_0004_cr