Израелскиот амбасадор Ориан на средба со претставници од Општина Охрид

Амбасадорот на Израел во Република Македонија Дан Ориан денеска имаше средба со раководителот на Секторот за Туризам и Локален економски развој Ѓоко Апостолов.

На средбата стана збор за гостување на познат театар од Израел на годинашното издание на фестивалот „ Охридско лето“ и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка. Деталите ќе бидат прецизирани на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески која ќе се одржи во четврток во рамките на саемот за туризам „Скопје травел маркет“.

Амбасадорот Дан Ориан, кој во Охрид престојуваше заедно со претставници на најголемата израелска компанија од областа на земјоделството, изјави дека на средбата во Скопје ќе упати директна покана до градоначалникот Никола Бакрачески за негово учество на Форумот на градоначалниците од главните градови на многу земји од светот, што ќе се одржи во месец октомври во Ерусалим.

Izraelski_amb_Gjoko_Apo_4851