„Антура“ најавува проширување на инвестицијата и 400 вработувања

ови фабрики на странски инвеститори во Виница, Свети Николе и во други градови од земјата, најави денеска премиерот Никола Груевски по отворањето на фабриката на холандската компанија „Антура Интернатионал БВ“ која денеска отвори фабрика во Кочани.

„Во Илинден веќе се изгради една фабрика за текстилна облека за градежни работи. Холандски компании доаѓаат и колку повеќе доаѓаат тоа е добро за нас не само зашто отвораат нови работни места, туку и зашто потоа имаме што да покажеме пред другите Холанѓани. Имаме да им кажеме „луѓе видете, една, две, три, четири други фабрики од вашата земја дојдоа. Прашајте ги дали се задоволни или не“, изјави Груевски за Канал 5.

Според премиерот, нема подобра реклама за земјата од тоа. Многу потешко е кога се стартува од нула, кога нема ниту една странска компанија, од Холандија, Германија,… и кога секој од потенцијалните инвеститори си вика „никој од мојава земја не отишол таму, а ги има толку многу што инвестирале надвор“.

„Кога инвеститорот ќе дојде и ќе види негови луѓе, од неговиот град, од неговата држава, некои од нив и познати, бидејќи тие се здружуваат и во стопански комори, се познаваат, кога ќе ги праша како ви е, кога ќе му го кажат тоа што и ние им го кажуваме, тогаш е многу посигурен и полесно ја носи одлуката да инвестира во Македонија. Тоа нам ни треба и токму затоа паѓа невработеноста во Македонија“, напомена Груевски.

Контактите со „Антура Интернатионал БВ“ почнаа во 2012 година. По остварени повеќе средби со раководството, компанијата ја одбра Македонија за инвестирање. Според бизнис планот, првичната инвестиција е шест милиони евра, а ќе се вработата 150 лица. Предвидени се и дополнителни вложувања, како и достигнување бројка од околу 300 до 400 вработувања.

„Антура Интернатионал БВ“ произведува семе и корени за цвеќиња што се прават со специјална технологија.

„Се работеше неколку години, а веднаш по првите контакти менаџерскиот тим дојде кај мене во почетокот на 2013 година. Разговаравме, ми ги кажаа нивните намери – дека сакаат да отвораат фабрика која всушност е една голема лабораторија за производство на семе за цвеќиња и корени за цвеќиња. Им дадовме можности да одат во повеќе општини и да се изберат локација. Поминаа неколку и на крај ја одбраа Кочани. Тука беа најзадоволни од понудата, услугата, од целиот начин на делувањето на градоначалникот“, посочи Груевски.

Владата, додаде, максимално го поддржа секој чекор што денеска резултира во инвестиција од шест милиони евра.

„Компанијата има планови за проширување, но сега за сега треба да ја заврши оваа инвестиција од секој аспект. Планот е, кога оваа фабрика, оваа лабораторија ќе работи со полн капацитет, да има годишно 10 милиони евра извоз, трипати неделно да се извезуваат големи контигенти шлепери, фабриката да биде една од поактивните во Македонија во однос на извозот“, истакна премиерот.

Тој изрази задоволство најмногу, како што рече, поради новоотворените работни места. – Тука беа 150 луѓе кои претходно седеле дома, биле фрустрирани, размислувале да заминат во странство, барале работа по секоја цена и не можеле да најдат. Сега тие се задоволни, работат во исклучително добри услови, истакна Груевски.

Пред два месеца во Хаг кога премиерот Груевски со своите соработници ги промовирал бизнис можностите во Македонија пред потенцијалните холандски инвеститори, и сопственикот на „Антура Интернатионал БВ“ ги споделил сопствените искуства за Македонија, кажал со што се соочил тука, какви услуги добил од македонската Влада, колку се ниски даноците, колку се ниски трошоците, колку се подобрени условите за правење бизнис, колку е задоволен од луѓето што ги вработува.

„Навистина тоа е многу поуверливо отколку кога Владата сама се промовира. Јас сум многу благодарен за тоа“, подвлече премиерот Груевски.

Сопственикот на компанијата Иван Ван Дер Кнаап истакна дека по Холандија, Германија и Кина, денеска во Кочани ја отвораат новата фабрика за производство на расади за размножување фаланопсис.

„Не само што имаме луѓе вклучени во доменот на одгледување, лаборатории и производство, туку имаме и во продажба, маркетинг, планирање, техничка поддршка, финансии и човечки ресурси. Во текот на 40 години, од мал семеен бизнис прераснавме во водечка компанија на светскиот пазар за одгледување антуриум и орхидеи. Антура најдобро може да се опише као фрагматичка организација со претприемачки порив. Организација со глобален опсег во која инвестицијата станува стандард. Секој ден низ целиот свет се произведуваат разновидни производи на „Антура“, посочи Ван Дер Кнаап.

Реализацијата на новата фабрика, нагласи, бил долг и возбудлив потфат, а се почнало пред три години кога како резултат на темелно истражување каде да се инвестира, е одбрана токму Македонија.

Градоначалникот Ратко Димитровски е задоволен што „Антура“ препозна дека Кочани е најдобрата локација за нивниот бизнис.

„За да биде приказната успешна, општината даде поддршка на инвестицијата, во креирањето услови за почеток на кочанската „Антура“. Изградивме водовод и одводна канализација, тротоари, поставивме улично осветлување, работевме на целосно инфраструктурно уредување на овој дел, вложивме приближно шест милиони денари. Најважно е дека општина Кочани и натаму е подготвена да одговори на потребите во функција на економскиот развој“, рече Димитровски.

Министерот беза ресор за привлекување странски инвестиции Веле Самак се надоврза дека во изминатите две години Владата и помогна на холандската фирма да ги добие најдобрите услови и локација за почнување бизнис во Кочани.

„Значењето во овој регион со отворањето на „Антура“ е огромно со оглед дека фабриката има модерна технологија за производство на орхидеи, а инвестира шест милиони евра каде и ќе вработи 400 луѓе“, рече Самак.