Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во споредба со март 2015 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0.3%.
Индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- април 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.2%.