Со низа активности општина Охрид ќе го одбележи Денот на Европа -9 мај. Утре во општинската зграда , со почеток во 11:15 часот, претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, ќе оствари работна средба со Амбасадорот на Словенија во Р. Македонија, Н.Е. Бранко Раковец.
Точно напладне на малиот плоштад кај некогашната библиотека , претседателката Коњановска и амбасадорот Раковец ќе одржат поздравни говори со што официјално ќе започне културно забавната програма посветена на празникот.
Во забавниот дел учество ќе земат најмладите од ЈУДГ „Јасна Ристеска“ и учениците од сите основни училишта во градов.
Меѓу другото, на плоштадот во организација на основните училишта и охридскиот Црвен Крст ќе се одржи ликовна работилница . Преку уметничкото изразување децата ќе ги презентираат културите на земјите членки на ЕУ: Словенија,Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.
Во 13 часот претставници од општина Охрид заедно со амбасадорот Раковец ќе ја посетат LTH Леарница и ќе остварат работна средба со менаџерскиот тим на компанијата.