Свечена прослава во Дебрца по повод 9 мај Јубилеј 70 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод јубилејот 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9-ти мај ( сабота ) со следната програма:

 09:00 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца

10:30 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца

– Полагање цвеќе.

Пригодна реч на Гоце Георгиески – претседател на ОО на Сојузот на борците во општините Охрид и Дебрца.

Говор на Наце Иваноски – професор по историја, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.

Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца – Игор Трајкоски.

Културно – уметничка програма.

11:30 часот- БЕЛЧИШТА

Полагање цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ.

Посета на спомен собата на НОБ

Посета на ликовната колонија.