Основци од „Св.Климент Охридски“ ја посетија охридската фабрика „Лихнида“

Деновиве учениците од шесто одделение при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во рамки на наставната програма по предметот Природни науки и техника, предводени од наставничката Нине Симоновска, ја посетија фабриката „Лихнида“ во Охрид. Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на производство на пластични производи.

„Голема благодарност до вработените во фабриката кои гостопримливо ги пречекаа и несебично ги прошетаа учениците низ целиот погон, запознавајќи ги со процесот на производство, суровините од кои се прават пластичните производи како и со целокупниот асортиман на производи кои се изработуваат во оваа наша охридска фабрика.“- велат од училиштето.