Во соработка на учениците, родителите и наставниците од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид деновиве во Струга се одржа еднодневна работилница на тема„Неколку езерски тајни“ .
Автори се Весела Богдановиќ од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и Виолета Петковска и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид
Во реализација на активностите се вклучија и наставниците Весна Карадакоска, Јулија Крстева како и ученици од другите одделенија во улога на соработници на наставниците и ментори на помалите другарчиња.
Претходни активности-
– Индивидуални истражувања за своите места – Ги откривам тајните на моето место. За таа цел учениците беа насочени да пристапат итсражувачки и да вклучат различни извори на информации (разговор со постари роднини, родители или соседи, истражување преку интернет, брошури, мапи…) Целта е децата да откријат што е посебно интересно во нивниот крај, а може да биде примамливо за гости од други место
– Анализа и учење на песната Билјана платно белеше, подготовка на потреби реквизити, подготовка и изведување на едноствна кореографија.
Припрема на активности (наставниците и родителите во соработка)
Со оглед на малата возраст на ученици кои се водачи на проектот, активностите се креирани согласност со можностите за иведување еднодневна посета и заеднички активности, информираат од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид.
Цели и придобивки од активностите реализирани на оваа работилница:
– Унапредување на свеста и навики за почит и негување на природните убавини и културноисториското наследство на нашата земја.
– Примена на стекнати вештини за соработка, комуникација, толеранција и тимска работа со други деца и наставници.
– Унапредување на детската креативност и вештината за фантазирање, ставени во функција да поттикнат понатамошно креативно литературно творечко изразување (пишување приказни, нови легенди, нови песни, патеписи) и ликовно творештво.
За време на овие креативни работилници учениците слушнаa повеќе легенди, народна староградска песна, вежбаа усогласување на движење, ритам и текст, креирање и изведување кореографија на песна, заедно креираа нови идеи за искористување на отпаден и природен материјал за творење нови производи.
Вооедно се запознаа со Легендата за настанот на градот Охрид, Легенда за Билјанините извори и како настанал единствениот охридски Чун
– Тајната за изработката на единствениот охридски бисер
– Сценско оживување на Легендата за настанокот на Охридското езеро
– Подводен свет- Истражувачка активност
– Сценско оживување на народната песна-Билјана платно белеше и
– Изработка сувенири од природни материјали и пренамена на отпад.