Во Струга одржана работилница „Неколку езерски тајни“

Во соработка на учениците, родителите и наставниците од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид деновиве во Струга се одржа еднодневна работилница на тема„Неколку езерски тајни“ .

Автори се Весела Богдановиќ од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и Виолета Петковска и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Во реализација на активностите се вклучија и наставниците Весна Карадакоска, Јулија Крстева како и ученици од другите одделенија во улога на соработници на наставниците и ментори на помалите другарчиња.

Претходни активности-

– Индивидуални истражувања за своите места – Ги откривам тајните на моето место. За таа цел учениците беа насочени да пристапат итсражувачки и да вклучат различни извори на информации (разговор со постари роднини, родители или соседи, истражување преку интернет, брошури, мапи…) Целта е децата да откријат што е посебно интересно во нивниот крај, а може да биде примамливо за гости од други место

– Анализа и учење на песната Билјана платно белеше, подготовка на потреби реквизити, подготовка и изведување на едноствна кореографија.

Припрема на активности (наставниците и родителите во соработка)

Со оглед на малата возраст на ученици кои се водачи на проектот, активностите се креирани согласност со можностите за иведување еднодневна посета и заеднички активности, информираат од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид.

Цели и придобивки од активностите реализирани на оваа работилница:

– Унапредување на свеста и навики за почит и негување на природните убавини и културноисториското наследство на нашата земја.

– Примена на стекнати вештини за соработка, комуникација, толеранција и тимска работа со други деца и наставници.

– Унапредување на детската креативност и вештината за фантазирање, ставени во функција да поттикнат понатамошно креативно литературно творечко изразување (пишување приказни, нови легенди, нови песни, патеписи) и ликовно творештво.

За време на овие креативни работилници учениците слушнаa повеќе легенди, народна староградска песна, вежбаа усогласување на движење, ритам и текст, креирање и изведување кореографија на песна, заедно креираа нови идеи за искористување на отпаден и природен материјал за творење нови производи.

Вооедно се запознаа со Легендата за настанот на градот Охрид, Легенда за Билјанините извори и како настанал единствениот охридски Чун

– Тајната за изработката на единствениот охридски бисер

– Сценско оживување на Легендата за настанокот на Охридското езеро

– Подводен свет- Истражувачка активност

– Сценско оживување на народната песна-Билјана платно белеше и

– Изработка сувенири од природни материјали и пренамена на отпад.

RabotilnicaNekolkuEzerskiTajni01 RabotilnicaNekolkuEzerskiTajni02 RabotilnicaNekolkuEzerskiTajni03