Дожд, ветер и грмотевици за време на викендов

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови,  додека утре (недела), во попладневните часови не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.