СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(43) од Охрид, управител на ТД за вработување на инвалидни лица за производство, трговија, превоз и услуги „Михаил Милениум“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“.
На 10-ти март минатата година пријавената како управител на ТД „Михаил Милениум“ склучила договор за вработување со лице со посебни потреби за работно место помошник пакувач во продавница во Охрид која е во склоп на наведеното друштво и не почитувајќи ги законските обврски не и исплаќала плата во износ од 7.000 денари како и други надоместоци и трошоци со што се стекнала со противправна имотна корист од 105.000 денари на штета на оштетената.